Алкалоид

Алкалоид

Saturday, December 28, 2013

Производствени капацитети

ОДДЕЛ ЗА ПАКУВАЊЕ НА ЛЕКОВИ, ЛИНИЈА ЗА АМПУЛИ И ЛИНИЈА ЗА РАСТВОРИ ЗА ОРАЛНА УПОТРЕБА
 Водејќи сметка за квалитетно одвивање на процесот на производство, Алкалоид изгради и опреми оддел за пакување на лекови согласно нормите за Добра производна пракса. Одделот е екипиран со две нови линии: Линија за пакување на цврсти форми (таблети, дражеи и капсули) која во моментов се користи за пакување на 50тина производи од програмата на Фармација со максимален капацитет од 200 поединечни кутии во минута. Линијата за пакување на ампули е наменета за пакување на сите ампулни форми од програмата на Фармација и има максимален капацитет од 30 000 ампули во минута. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува приближно 4,5 милиони евра. Со цел да се подигне степенот на автоматизација на производството, Алкалоид инсталираше нова линија за дозирање, затварање, етикетирање и пакување на раствори за орална употреба вредна 600 000 евра. 

ИНТЕРМЕДИЕРИ 
Строгите норми за добра производна пракса налагаат почитување на прописи кои се од исклучителна важност за непреченото и високо-софистицирано одвивање на процесот на производство на лекови. Во рамките на инвестициониот проект за нов погон за пакување на лекови, Алкалоид предвиде и адаптираше нов простор за чување на полу-производи (интермедиери) согласно највисоките стандарди за работење во фармацевтските компании. Со оваа дополнителна инвестиција, вредна околу 600 000 евра, во голема мера е добиена предност во брзината и ефикасноста на одвивањето на производствениот проецес, со тоа што постоечката залиха на полу-производи се подготвува за различни пазари според различните побарувачки и потреби. 

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ И КОНТРОЛА НА ЛЕКОВИ 
Примарната грижа и акцентот на целокупното работење на Алкалоид-Фармација е насочено кон обезбедување на високо квалитетен производ кој потполно ќе ги задоволи потребите на пациентите. За таа цел, Компанијата лоцираше значајни инвестициони фондови во сегментите за контрола и обезбедување на квалитетот на лековите. Тука би ја споменале инвестицијата во микробиолошката лабораторија, која енормно го подобри процесот на фармацевтската контрола на лекови за која Алкалоид вложи околу 1,2 милиони евра. Беа инвестирани дополнително приближно 500 000 евра за нова хемиска лабораторија за контрола на меѓу-производи и готови фармацевтски производи согласно важечките ДПП стандарди. Истата опфаќа месечен магацин за хемикалии изведен според ПП проект со специјални безбедносни кабинети за запалливи материи, простор за испитување на стабилност, централна вагална, физичко-хемиска лабораторија, инструментална лабораторија за хроматографски техники, посебна за спектрофотометрија, тестирање на растворливост, како и простории за обработка на документацијата комплетно опремени со високо софистицирани инструменти и опрема од реномирани светски производители.



No comments:

Post a Comment