Алкалоид

Алкалоид

Saturday, December 28, 2013

Козметика-Брендови

Becutan
Becutan е бренд кој успешно егзистира на меѓународниот пазар повеќе од 30 години. Континуирано, во целиот овој период, Becutan колекцијата е лидер во продажниот асортиман на Профитниот центар - Хемија, Козметика и Билкарство.


Gloss
Gloss колекцијата нуди широк асортиман на производи за чистење во домаќинството, од средства за одржување на тоалетот, средства за рачно миење садови, абразивно средство, средство за отстранување бигор, средство за одзатнување мијалници, средство за чистење теписи и тапациран мебел, штиркање алишта, чистење стакло и стаклени површини, течен детергент за машинско перење алишта.



Black up
ДА СЕ ОСТАНЕ ПРИЈАТЕЛ СО СОНЦЕТО!
Со првите зраци на сонцето и топлото време, речси и да не постои лице коешто не посакува да има убав, здрав и темен тен.

Young derm

Формулирајќи ја оваа колекција, многу големо внимание се посвети на изборот на сите состојки, особено на активните компоненти и на мирисната композиција, којашто не содржи алергени.
 Сите производи од колекцијата се дерматолошки тестирани.


Козметика

Долгогодишното искуство и традиција од над 70 години се темели за квалитетот на богатата палета производи на Алкалоид - Козметика, почнувајќи од производите за нега на кожа, производите за нега на детска кожа, сапуни, производите за нега на коса, производите за нега на заби, парфемската колекција за мажи, парфемската колекција за жени, како и козметиката за домаќинството.

Светот брзо се менува и затоа се потребни нови идеи кои ќе се базираат врз принципите на вредностите, квалитетот и иновациите.

Успехот на Алкалоид - Козметика не се препишува само на неговите иновативни производи, туку и на неговиот мотивиран и стручен менаџерски тим.Менаџерскиот тим на Алкалоид - Козметика континуирано соработува со меѓународни институции и со експерти во правец на развивање нови производи.Извонредните формули користени во нашите козметички производи ги задоволуваат највисоките очекувања на нашите потрошувачи. Ние ги користиме најсовремените трендови во козметичката технологија и гарантираме за врвниот квалитет на нашите производи.Состојките кои се составен дел на производите се набавуваат од добавувачи кои ги задоволуваат високите стандарди за квалитет и истите се во согласност со барањата на Европската директива за квалитетен козметички производ.Производниот процес се одвива според највисоките стандарди во индустријата GMP(Добра производна практика).Палетата производи е добро позната и продавана како во Македонија, така и во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Албанија.На пазарот постоиме благодарение на оригиналниот квалитет, високата стручност и технологија.Ние секогаш ќе бидеме успешни кога вие сте задоволни.

Производствени капацитети

ОДДЕЛ ЗА ПАКУВАЊЕ НА ЛЕКОВИ, ЛИНИЈА ЗА АМПУЛИ И ЛИНИЈА ЗА РАСТВОРИ ЗА ОРАЛНА УПОТРЕБА
 Водејќи сметка за квалитетно одвивање на процесот на производство, Алкалоид изгради и опреми оддел за пакување на лекови согласно нормите за Добра производна пракса. Одделот е екипиран со две нови линии: Линија за пакување на цврсти форми (таблети, дражеи и капсули) која во моментов се користи за пакување на 50тина производи од програмата на Фармација со максимален капацитет од 200 поединечни кутии во минута. Линијата за пакување на ампули е наменета за пакување на сите ампулни форми од програмата на Фармација и има максимален капацитет од 30 000 ампули во минута. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува приближно 4,5 милиони евра. Со цел да се подигне степенот на автоматизација на производството, Алкалоид инсталираше нова линија за дозирање, затварање, етикетирање и пакување на раствори за орална употреба вредна 600 000 евра. 

ИНТЕРМЕДИЕРИ 
Строгите норми за добра производна пракса налагаат почитување на прописи кои се од исклучителна важност за непреченото и високо-софистицирано одвивање на процесот на производство на лекови. Во рамките на инвестициониот проект за нов погон за пакување на лекови, Алкалоид предвиде и адаптираше нов простор за чување на полу-производи (интермедиери) согласно највисоките стандарди за работење во фармацевтските компании. Со оваа дополнителна инвестиција, вредна околу 600 000 евра, во голема мера е добиена предност во брзината и ефикасноста на одвивањето на производствениот проецес, со тоа што постоечката залиха на полу-производи се подготвува за различни пазари според различните побарувачки и потреби. 

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ И КОНТРОЛА НА ЛЕКОВИ 
Примарната грижа и акцентот на целокупното работење на Алкалоид-Фармација е насочено кон обезбедување на високо квалитетен производ кој потполно ќе ги задоволи потребите на пациентите. За таа цел, Компанијата лоцираше значајни инвестициони фондови во сегментите за контрола и обезбедување на квалитетот на лековите. Тука би ја споменале инвестицијата во микробиолошката лабораторија, која енормно го подобри процесот на фармацевтската контрола на лекови за која Алкалоид вложи околу 1,2 милиони евра. Беа инвестирани дополнително приближно 500 000 евра за нова хемиска лабораторија за контрола на меѓу-производи и готови фармацевтски производи согласно важечките ДПП стандарди. Истата опфаќа месечен магацин за хемикалии изведен според ПП проект со специјални безбедносни кабинети за запалливи материи, простор за испитување на стабилност, централна вагална, физичко-хемиска лабораторија, инструментална лабораторија за хроматографски техники, посебна за спектрофотометрија, тестирање на растворливост, како и простории за обработка на документацијата комплетно опремени со високо софистицирани инструменти и опрема од реномирани светски производители.



Историја

Познато е дека првите производни погони, од кои израсна Алкалоид биле во приватна сопственост на семејството Огњановиќ. На почетокот петнаесетина работници во два погона произведувале околу 350 кг фармацевтски суровини. Фабриката претставува никулец на една нова стопанска гранка не само на овие простори, туку и во поширокиот регион. Основна дејност е производство на алкалоиди од опиум, односно екстракција на морфин база и нејзино синтетизирање до кодеин.
Квалитетот на македонскиот афион, кој долго време во ова поднебје го има третманот на "црно злато", несомнено е пресуден за отворање на овој преработувачки капацитет. По завршувањето на Втората светска војна, од посебно историско значење за Алкалоид е летото 1945 година. Со решение на владата на тогашната ФНРЈ и на НРМ, на 22 јуни е извршено поопштествување на фабриката, која тогаш имала 17 работници, од кои само еден со високо образование. Оттогаш почнува континуираниот растеж на Алкалоид, еден од најстарите индустриски капацитети во Република Македонија и тогашната југословенска заедница.
Поради специфичноста на производството, фабриката во првите повоени години има третман на капацитет од посебно значење и е под директна административно-оперативна надлежност на Главната управа на медицинското производство (ГУМПРО) од Белград.